Само во Русија: Тенк влета на плажата додека луѓето си лежат и се сончаат

Локалните жители рекоа дека со години доаѓаат на брегот на езерото за да се сончаат, но пред неколку дена војниците од инженерското училиште ископале неколку тунели и патеки околу езерото за нивните вежби.

„Дојдовме на плажа во 11 часот наутро, се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување дојде тенк со полна брзина. Насекаде имаше пареа, чад и силна смрдеа на гориво“, изјави еден очевидец.

Од военото училиште, пак, тврдат дека областа е забранета за собирање на цивили.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *