800 домови останаа без електрична енергија откако еден бик реши да си го почеша задникот
Четиригодишниот Рон од Јужен Ланаршир, Шкотска е прилично трапав, но и среќен бик. Тој за малку ќе го изгубел животот во обид да си го почеша задникот. На ливадата на која пасел имало електричен столб на кој стоел трансформатор.
Рон сакал да си ги олесни маките и да се почеша, но при процесот го турнал столбот, а трансфроматорот паднал. За среќа не го погодиле 11.000 волти и се спасил.
Но, сепак жителите од три околни села ја немале таа среќа. Околу 800 домови останале без струја поради грешката на бикот. Хазел Лаутон, која е сопственик на фармата заедно со нејзиниот сопруг Грег, вели дека немало електрична енергија со часови. Сопственичката на бикот исто така се обидела да ја сврти ситуацијата на хумор па во локалната група им се извинила на сите луѓе во име на Рон.
„Рон тежи над еден тон, па се триеше од столбот видеовме дека се тресе, но не очекувавме дека ќе падне кутијата.“, вели Хазел. За жал Рон ќе остане без неговото место за чешање бидејќи ќе направат ограда околу него за тој да не може повторно да го уништи.