Полицајците побрзаа да го казнат несовесниот човек кој лови риби за време на полициски час, но…

На фотографиите може да се види група на полицајци како брзаат да уапсат и казнат „несовесен“ рибар кој си дошол на плажата да си лови риби за време на полицискиот час. Сепак, треба добро да се внимава пред да се избрза со заклучоци.

Очигледно некој шегаџија сакал да ја види реакцијата на полицајците па затоа направил кукла и ја оставил на плажата. Полицајците не уапсија никого, но најверојатно долго ќе ја паметат оваа шега со „несовесниот рибар“.