Дали и ќе летаме на струја? Мултимилионер и еко-тајкун се фали дека ја направил првата електрична авиокомпанија во светот и дека ќе го има првиот лет во 2025

Патувањето во воздух без вина и нула емисии би можело да биде опција за Британците кога ќе тргнат на патувања од 2025 година.

Контроверзниот британски претприемач Дејл Винс ја лансираше Ecojet, компанија што ја опишува како „првата електрична авиокомпанија во светот“.

 

Ecojet ќе има чартер летови меѓу Саутемптон и Единбург со авиони кои се опремени со водород-електрични мотори, додека патниците ќе бидат почестени со оброци од растително потекло кои ќе ги сервира персонал во еколошки униформи.

Набргу потоа ќе следат летови до континентална Европа, а крајната цел ќе биде патувањата на долги релации до САД и Азија.

 

 

Винс е мултимилионер кој е веган и еко фанатик кој донирал пари на Лабуристичката партија и на активистите за климата Just Stop Oil .

Неговиот проект го означува почетокот на „воздухопловната револуција“ со тоа што за прв пат го овозможува воздушниот сообраќај без емисија на јаглерод.

„Прашањето како да се создаде одржливо воздушно патување го мачи „зеленото движење“ со децении, Ecojet е убедливо најзначајниот чекор кон решение досега. Желбата за патување е длабоко врежана во човечкиот дух, а летовите без емисија на C02, напојувани со обновлива енергија ќе ни овозможат да го истражуваме нашиот неверојатен свет без да му наштетиме за прв пат“, рече Дејл.

Единствениот отпад произведен со овој процес е водата, за разлика од традиционалната авијација која е главен придонесувач за емисиите на стакленички гасови. Откако ќе се догради, авионот ќе работи со истата излезна моќност како порано, но со 100 отсто намалување на CO2 и другите емисии.

Одлуката да се пренаменат старите ав

иони наместо да се градат нови модели од нула ќе заштеди 90.000 тони јаглерод годишно.

Летовите ќе полетуваат од постоечките аеродроми во Саутемптон и Единбург, што значи дека нема да мора да се градат нови аеродроми.

Цената на летовите не е потврдена, но тој изјави: „Ќе се совпаднеме со цените со постоечките летови за сите да можат да си дозволат“.

Па дали мислите дека ова е возможно?

  • Arapot напиша:

    Азис, low battery батко, кај е пуњачот? Мајсторе отвори средна има за излез!😂😂😂

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *