Ова ти се вика летечка клоца: Мажот јако му ја здрви една на човекот што ја турна жена му во кавгата на идиличната плажа
Немирите се разгореа кога моторен чамец со голема моќност дојде на брегот на плажата Кала Лунга во северна Сардинија за да ја земе групата наводно богати туристи за да ги врати на нивната мега јахта.
И додека бесните жители се бунеа, човекот што го возеше моторниот чамец турна една жена пред него. Во тој момент, инстант кармата буквално слета, односно сопругот на жената му влезе на човекот и почнаа да се тепаат.
Додека паѓа со тупаници по главата на мажот, на видеото може да се слушне како вика: „Ми ја бутнавте жената“.
Конечно, посетителите се качуваат на моторниот чамец и се враќаат до својата јахта со потсмев и повици на локалното население.
Менаџерот на одморалиштето Франческо Витиело изјави за локалните медиуми: „За жал, морам да забележам посебна грубост од страна на странските туристи. Премногу често Англичаните, Германците и Французите пристигнуваат во нашето море и не ги почитуваат правилата. Да го следиме речиси 200 километри долгиот брег во Ла Мадалена не е лесно. А тие не смееа да го направат тоа“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно