„Зошто јас да треба да платам за нешто на мојот роденден???“ Роденденската забава избувна во расправија околу поделбата на сметката од 4.600 долари
Група пријатели биле снимени како се расправаат за тоа како да ја поделат големата сметка, која се чини дека изнесувала повеќе од 4.600 долари.
„Ние сè уште зборуваме, но пријателството не е исто. Се надевам дека ќе можеме да го поправиме многу брзо“, изјави Виктор Кристијан кој беше против да се подели сметката.
Се чини дека жестоката расправа, која постигна 14,6 милиони прегледи, беше поттикната од наводната желба на славеничката сметката да се дели рамномерно. И побарала другите да ги покријат трошоците за нејзиниот оброк за нејзиниот посебен ден.
„Јас плаќам само за она што го јадев јас, не ја делам сметката“, рече Кристијан (28) на почетокот на клипот.
Друг маж, кој не беше идентификуван во видеото, станува од масата и гестикулира кон различните оброци – кои вклучуваа јагнешко месо, стек и други сложени јадења – додека се расправаше дека групата не треба рамномерно да ја дели сметката поради тие скапи јадења.
„Се собираме, ја делиме сметката, точка“, рече една од другите жени исто така седнати на масата.

Кристијан, кој е познат по своите хумористични видеа на интернет и може да се пофали со повеќе од 1,5 милиони следбеници на Инстаграм и ТикТок, тврди дека претходно не знаел дека било договорено да се дели сметката.
„Јас бев првиот што пристигна. Сите доцнеа. Не знаев ништо за поделбата на сметката“, изјави тој.
Додека Коко изјави дека „го ставила во групниот разговор“ пред саботната вечера, Кристијан инсистираше на тоа дека не бил свесен за тоа.
„Откако дојде време да се плати, тие споменуваат нешто во врска со поделбата на сметката и јас реков дека не сум подготвен да го направам тоа. Разговорот стана вжештен и тогаш му реков на мојот пријател да ја извади камерата и да почне да снима затоа што луѓето нема да веруваат низ што поминувам освен ако не го видат“. – продолжи тој.

Кристијан изјави дека нарачал Спрајт и лигњи, чија вкупна вредност изнесува помалку од 25 долари.
Во меѓувреме, тој рече дека „девојките нарачуваа многу работи што беа многу скапи“.
„Бидејќи нарачувам храна во вредност од само 24,85 долари, зошто би требало да платам повеќе од тоа што чини мојот оброк? Никогаш не се согласив да ја поделам сметката и останав на мојот став. Им реков дека нема да ја поделам сметката“.
Додека пак славеничката се буни: „Зошто јас да треба да платам за нешто на мојот роденден???“
Покрај видеото на YouTube – кое ветуваше дополнителни детали, но избувна во повеќе викања и расправии меѓу пријателите – Кристијан смирено објасни на ТикТок дека ја завршил вечерта со тоа што му наложил на келнерот да не ја дели сметката и да плати само за неговата храна.
На ТикТок, некои зачудени гледачи застанаа на страната на Кристијан, додека други веруваа дека е оправдано славеничката да побара од другите да платат пари за нејзиниот оброк.
Не знаеме од кое време сме ние, ама порано славеникот частеше за роденденот, а не обратно.

Коментирај анонимно