56-годишната Салма Хајек тврди дека НИКОГАШ не ставала ботокс и ја откри најголемата тајна за нејзиниот изглед. Ѝ верувате?
56-годишната оскаровка актерка зборуваше за својата рутина за убавина во вторникот во епизодата од подкастот на Кели Рипа за „SiriusXM Let’s Talk Off Camera“.

Кели ја прашала дали таа навистина никогаш не користела ботокс. „Без ботокс!“, потврди Селма.
„Поради многу работи во моето тело и здравствени проблеми, некако ја развив оваа чудна медитација со која постојано се развивам. Можам да го правам тоа со часови бидејќи не чувствувам дека поминува толку време, а тоа е многу забавно“.
Таа објасни дека тоа е поинаков тип на медитација отколку да не се размислува на ништо.
„Значи, јас правам третмани со машини на фрекфенција и тие работат на мене подобро од било што. И медитирам. Дури понекогаш кога ја правам таа медитација, кога ќе излезам од собата луѓето ми велат : „О Боже, изгледаш како да имаш 20 години“, рече Селма.

Селма рече дека користи радиофреквентни и микрофреквентни машини за да ја затегне кожата и верува дека добива подобри резултати поради нејзината практика на медитација.
„Луѓето што ги работат машините велат дека резултатите што ги добивам јас, тие не ги добиваат со други луѓе“, рече Селма.
Ѕвездата на „Десперадо“ рече дека го забележува тоа кога ќе се оддалечи од нејзината редовна рутина за медитација.
„Кога не медитирам некое време, погодете што? Не само што почнувам да опаѓам во лицето туку и мојата дискус хернија, проблемот во вратот, проблемот во колкот, зглобовите се враќа. Почнувам да се распаѓам“, рече таа.

Селма рече дека нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино (61) останал скептичен за нејзината медитација против стареење.
„Мојот сопруг не верува во тоа“, призна Салма. „Но, кога ќе ми се влоши работата некогаш… тој ќе рече: „Дали правеше јога?“ Тој дури никогаш нема да го нарече тоа „медитација“.

Селма уште во 2015 година изјави дека кога станува збор за нега на кожата, таа користела состојка што обично се користи за лекување на жртвите од изгореници во нејзиното родно Мексико. И таа објасни дека оние во САД често биле шокирани бидејќи никогаш не слушнале за таков производ.
Таа рече: „Јас користам состојка наречена Tepezcohuite која се користи во Мексико за жртви на изгореници бидејќи целосно ја регенерира кожата и нема никој во САД кој ја користи оваа состојка освен нас. Некои од состојките, кога ги однесов во американските лаборатории, беа како „О, боже! Како тоа никој не го користи ова?“ Ете зошто немам потреба од ботокс„
Што е фреквентна машина за третман на кожа?
Фреквентните машини за третман на кожа користат високофреквентни електрични струи за кожни заболувања како што се акни, брчки, целулит и зголемени пори. Машините произведуваат топлина што го зголемува растот на колагенот, протокот на крв и циркулацијата во погодената област.
Машините со висока фреквенција вклучуваат стаклена електродна цевка исполнета со гас од неон или аргон. Електродите произведуваат или неонска црвена или виолетова/сина светлина за лекување на различни типови на кожни заболувања.
Поголемиот дел од професионалните фреквентни машини што се користат во медицинските канцеларии работат на фреквентен опсег од 100.000 до 2500.000+ Херци (циклуси во секунда).

Коментирај анонимно