Можете ли да претпоставите колку наплаќа Кристијано Роналдо ако сакате да ве изрекламира на неговиот „Инстаграм”? Од бројката боли глава!
Кристијано Роналдо ја престигна Кајли Џенер и стана најплатена ѕвезда на „Инстаграм”.
Фудбалерот (38) сега заработува неверојатни 2,4 милиони долари по спонзорирана објава, во споредба со Кајли (25), која заработува 1,89 милиони долари за секоја објава.
Кристијано често ги промовира спортските веб-страници „LiveScore”, велнес брендот „Therabod и берзата за криптовалути „Binance” на неговиот „Инстаграм” профил.
Тој може да се пофали со неверојатни 597 милиони следбеници на платформата на социјалните мрежи, додека Кајли внимателно го следи со 397 милиони следбеници.
Кристијано забележа огромен раст на „Инстаграм” во последниве години, бидејќи се рангираше на третото место на листата на богати на „Инстаграм” за 2019 година.
Кајли има цела низа брендови, вклучувајќи ги „Kylie Cosmetics” и „Kylie Swim”, додека таа исто така работи со брендови вклучувајќи го и луксузниот француски моден бренд „Jean Paul Gaultier”.
Списокот на богати на „Инстаграм” беше собран од „HopperHQ” и се заснова на тоа колку секој корисник може да наплати за една објава на „Инстаграм”.
Компанијата ги анализира податоците, вклучително и просечниот ангажман, колку често објавуваат, промените во индустријата и бројот на следбеници.
На третото место на најновата листа на богати од „Инстаграм” за 2022 година е фудбалерот Лионел Меси со 1,77 милиони долари по спонзорирана објава.
Потоа следи Селена Гомез која заработува 1,40 милиони долари за секоја објава, додека Двејн Џонсон е на петтото место со 1,38 милиони долари.
Коментирај анонимно