83-годишна пензионерка од Велика Британија се разведе од 37-годишниот сопруг и наместо него си посвои мачор
Пензионерката за чијшто бесен љубовен живот пишувавме пред извесно време (клик тука) сега реши да се разведе.
Баба Џонс (83) се запознала со Мохамед Ирбрихем (37) од Египет на социјалните мрежи во 2019 година. Почнале често да се допишуваат, а една година подоцна решиле да се венчаат. Младоженецот добил трајна виза и се преселил кај невестата во Велика Британија.
Парот се стекна со слава откако се појави во популарното шоу This Morning, за време на кое со публиката споделија искрени детали од нивниот интимен живот. Сепак, по две години брак, бракот на баба Џонс и Ирбрихам се распадна.
„Никогаш не мислев дека ќе сакам некој 46 години помлад од мене, но тоа едноставно се случи. Сакав сè за Мухамед, но бракот стана напорна работа. Имавме луд се*с, но во последно време само се пцуевме од секакви причини. Не можам да го правам тоа, не сум заљубена тинејџерка, имам 83 години“, вели Ајрис Џонс.
Џонс им кажа на новинарите дека сега сака мирен живот. Само неколку дена откако нејзиниот поранешен сопруг се иселил, таа посвоила мачор, на кој му го дала името Мистер Тибс. Џонс го смета за идеален придружник.
„Тој никогаш не се жали, не прави врева и убаво е да се погледне во него“, рече жената. Пензионерката се заљубила во мачорот и за негова главна предност го смета тоа што е задоволен со се и „не прави хаос“.
Џонс истакна дека поранешниот сопруг воопшто не ѝ недостига. Згора на тоа, таа сè уште му е лута затоа што при иселувањето ги зел ракчињата, коишто пензионерката планирала да ги јаде за вечера.








Коментирај анонимно