Запознајте го Шерман, кучето кое тежи 70 килограми, но се однесува како да тежи 7: „Обожува да седи во нашите скутови и сака да го галиме како да е малечко кученце!”
Кутре кое тежи 70 килограми, но нема поим за неговата огромна големина, сака да седи во скутот на своите сопственици – и згора на сѐ тој сè уште расте.
Урнебесните фотографии од кучето Шерман покажуваат дека тој е животинче кој бара внимание од своите сопственици – полицаецот Елиот и администраторката Беверли Ричардсон, од Сајмонсајд, Саут Шилдс.
Кутрето од Њуфаундленд, има само 18 месеци и ќе продолжи да расте до својата тригодишна возраст – и се очекува да порасне уште 12 дополнителни килограми додека целосно да порасне.
И покрај тоа што сопствениците одвојуваат 6.000 долари годишно, тие велат дека не би сакале никако поинаку без него.
Елиот вели: „Тој е голем и пријателски настроен – веројатно малку премногу пријателски настроен за негово добро. Тој сака да седи врз нас затоа што мисли дека е куче за во скут. Тој не ја сфаќа сопствената големина и штотуку почна да станува навистина тврдоглав. Тој е огромна душичка. Тој е прекрасен, сака секого и сè.
Луѓето прашуваат како е да го имаш Шерман во куќата, а јас велам дека е исто како да имаш друга личност да живее со тебе.
Елиот (46) го земал Шерман во семејната куќа во февруари 2022 година, откако го увезол од полски одгледувач.
Коментирај анонимно