Интер Мајами го „згази“ противникот. Меси постигна два од најатрактивните гола (видео)
Лионел Меси постигна два гола во првото полувреме и асистираше за уште еден во второто за да го доведе Интер Мајами до победа над Атланта Јунајтед со 4-0, во купот на САД.
Интер Мајами два месеци немаше победа, но откако се појави Меси достигнаа два триумфа во само неколку дена.
Откако во дебито против Круз Азул даде гол за победа во 94 минута, на Меси му беа потребни само осум минути за повторно да ги израдува навивачите на Интер Мајами во вториот негов меч за американскиот тим.
Легендарниот 35-годишен Аргентинец во 22. минута реагираше брилијантно по акцијата со Бразилецот Нејмар и во негов стил ги доведе „светците“ во водство.
Ова е историски резултат на полувреме, затоа што за прв пат во клупската историја Интер Мајами имаше предност од три гола против било кој ривал.
Откако постигна гол, Меси застана и од теренот покажа кон косопственикот на тимот Дејвид Бекам, кој го следеше натпреварот. Овој гест беше проследен со широка насмевка од поранешниот великан на Манчестер Јунајтед кој помогна да се привлече Меси во МЛС и покрај огромната контра понуда од Саудиска Арабија.
Не паметам кога Меси на 1 меч дал 2 гола со ДЕСНА нога? Со Бускес и Алба (а се најавува и Суарез), полека се формира мала Барселона! Бидејќи лигата во САД е доста послаба од Европските (UK), мислам дека ќе се надава доста голови… Само да не го дрмне некоја повреда, бидејќи како и Џоковиќ, годините натежнуваат!
Коментирај анонимно