Срцевиот удар на синот на Леброн Џејмс, Брони, е поврзан со вакцината против КОВИД-19, сугерира Илон Маск

Илон Маск предизвика многу реакции откако тврдеше дека вакцината против Ковид можеби предизвикала срцев удар на Брони Џејмс.

 

 

„Не можеме сè да и припишеме на вакцината, но, според истиот принцип, не можеме ништо да не ѝ припишеме. Миокардитисот е познат несакан ефект. Единственото прашање е дали се случува ретко или често“, напиша Маск како одговор на медиумскиот извештај во вторникот.

 


18-годишниот син на НБА суперѕвездата Леброн итно бил пренесен во болница откако колабирал и доживеал срцев удар за време на кошаркарски тренинг во понеделникот на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој сега е во стабилна состојба и е пуштен од интензивна нега.

Твитот на Маск беше проследен со мноштво коментари околу вакцините.

Еден корисник на Твитер рече: „Дами и господа, доктор Илон Маск, би сакал да шпекулира која е причината за срцевиот удар на Брони Џејмс“.

Друг напиша: „Татко ми доживеа срцев удар за неколку часа од неговата втора доза во 2021 година, разви перикардитис, со месеци страдаше од ненадејни падови на крвниот притисок, а подоцна умре среде ноќ од друг срцев удар. Никогаш немал ниту еден проблем со срцето пред таа втора доза“.

Друг остро го критикуваше Маск на Твитер: „Немате доказ или знаење од прва рака што ви е дадено директно од семејството, па зошто овде шпекулирате за нешто толку длабоко лично и болно за состојбата на Брони?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *