ВИДЕО: Моментот кога тригодишното исчезнато момче од Охајо, е пронајдено ЖИВО во огромно поле со грав, откако неговото семејство било водено до него со спасувачки хеликоптер

Тригодишно момче повторно се соединува со неговото семејство, откако полициска патрола на автопатот во државата Охајо, со хеликоптер успешно ги водела до него.

 

На видеото, снимено со спасувачки хеликоптер, пилотот го забележал детето кое зачудено седело на огромно поле со грав и полека се движело низ посевите.

„Верувам дека го пронајдов. Тој е во аголот на полето со грав, шета наоколу, оди кон аголот”.

Водени од упатствата на пилотот на хеликоптерот, група за пребарување на копно му пришла на детето, кое било оддалечено неколку километри од својот дом.

 

 

Пилотот дал прецизни упатства, водејќи ги спасувачите до точната локација на детето.
Потоа на видеото мже да се види мајка му како му приоѓа на детето пред да го земе и да го прегрне.

Засега не е јасно што довело до исчезнување на момчето и колку долго тој се водел како исчезнат.

 

Патролата на автопатот на државата Охајо соопшти дека семејството е „многу благодарно“ за нивните заеднички напори што обезбедиле безбедно пронаоѓање на детето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *