Како ви изгледа доколку некој ви плати 500 долари за да излезете со 100 различни луѓе? А, особено ако тоа е вашата мајка…
Креаторка на содржина откри дека нејзината мајка ѝ платила на нејзината сестра 500 долари, за да оди на 100 состаноци со различни мажи пред да одлучи да се венча.
Алисе Каролин често споделува видеа на нејзиниот профил на „TikTok” со нејзините повеќе од 306.000 следбеници.
Но, неодамна таа одлучи да промени и да сподели нешто поразлично, откривајќи дека нејзината сестра – која не ја именуваше – добила 500 долари за да оди на 100 први состаноци пред да се омажи.
Во вирален клип, кој досега има собрано 7,6 милиони прегледи, Алис го покажа своето семејство како слави поради тоа што нејзината сестра конечно завршила со сите нејзини состаноци.
Таа напиша на клипот: „Кога мајка ти ќе ѝ плати на сестра ти 500 долари за 100 состаноци со 100 различни момци пред да се омажи“.
Во делот за коментари, Алис откри дека на нејзината сестра и биле потребни „неколку години“, додавајќи дека никогаш не платила за ниту еден состанок, па можела да ги собере сите 500 долари во џеб.
Гледачите го преплавија делот за коментари и ја пофалија нејзината мајка што ѝ дала до знаење на нејзината ќерка дека секогаш имала опции.
Едно лице напиша: „Почит кон мама што и дала до знаење дека секогаш има опции“.
Некои корисници сугерираа дека нејзината мајка ѝ плаќала да оди на состаноци затоа што семејството е мормонско, а запознавањето наоколу на тој начин е вообичаена практика.
Коментирај анонимно