Позитив на денот: Преслатко дете, со Даунов синдром, ги поздравува патниците во возот, топејќи ги срцата на секој од нив
Ова е снимка од преслаткиот момент кога едно дете ги „топи” срцата на патниците во возот, поздравувајќи го секој од нив поединечно.

Исак Дриш (3), кој има Даунов синдром, патувал со воз во Франција со своите родители Винсент (33) и Алис (29) на почетокот на овој месец.
Додека се движело низ вагоните, малото дете одвоило време да се поздрави со сопатниците – а неговиот татко режисер, решил да ги сними впечатливите интеракции на камера.
Винсент, од Лион, објасни: „Исак патува со нас уште од многу млад, додека не придружува на нашите конференциски авантури. Неговата страст е да запознава други луѓе, па не сме изненадени што тој го прави тоа толку интензивно”.
За време на нивното патување, Исак среќно поминал два часа пешачејќи нагоре и надолу по вагоните за да ги поздрави луѓето додека се качуваат.
„Луѓето реагираат позитивно, секогаш! Тие се допрени! Исак често ги засмејува луѓето, дури и кога ги буди за да се поздрави”.
Уште повеќе, Винсент – кој основал организација за луѓе со Даунов синдром и нивните семејства со неговата сопруга – вели дека неговиот син е неверојатно емоционално интелигентен за неговата возраст.

Тој продолжи: „Дауновиот синдром може да понуди шесто емотивно чувство, а Исак го има тоа. Тој ги разбира емоциите на луѓето како никој друг. Тој има многу поголем емоционален капацитет да ги чувствува работите од нас!”

„Понекогаш тоа може да биде меч со две острици бидејќи тој е емотивен сунѓер, но понекогаш е неверојатно! Тоа е Дауновиот синдром. Секогаш знаеме дека тој го користи својот дар, неговиот дополнителен хромозом, совршено – и го претвора во сила”.

Коментирај анонимно