Индиска актерка откри дека излегла од киното кадешто го гледала филмот „Барби” со нејзината ќерка, поради „несоодветни сексуални конотации“ – но сега, по изјавата се соочува со жестоки реакции

42-годишната актерка Јухи Пармар од Уџаин се огласи на „Инстаграм” и рече дека е со „скршено срце“, откако откри дека филмот „Барби” за неа имал „несоодветен јазик“ и „сексуална конотација“, а била да го гледа со нејзината ќерка.

Самохраната мајка признала дека ја однела својата ќерка Самаира (10) да го гледа филмот без да го провери неговиот рејтинг и ги советува другите родители „да не ја прават истата грешка“.
Јухи била толку огорчена од филмот, што излегла од киното само 15 минути откако почнал филмот и се пожалила дека нејзината ќерка сепак ќе слушне за содржината на филмот од други деца со помалку „одговорни“ родители.
Таа се запрашала зошто режисерката Грета Гервиг морала да ја „скрши совршената илузија на Барби“.

 

 

„И за другите родители таму, не ја правете грешката што ја направив и ве молам проверете пред да го однесете вашето дете на филмот. Тој избор е ваш!”, рече актерката.
Контроверзната порака беше проследена со детално писмо адресирано до брендот „Барби“.
Јухи започна со признавањето дека можеби можела да спроведе малку повеќе истражување за природата на филмот за Барби.
Таа напиша: „Започнувам со тоа што ја прифаќам мојата грешка. Ја однесов мојата 10-годишна ќерка Самаира да го гледа вашиот филм без да истражувам дека се работи за филм „PG-13“. 10 минути од започнувањето на филмот, имаше несоодветен јазик и сексуална конотација, а јас вознемирено излегов од салата и се прашував на што штотуку го изложив моето дете“.
Мајката, која се разведе од колегата, индискиот актер Сачин Шроф во 2018 година, ја префрли одредена вина на себе, бидејќи сакала да ја почести својата ќерка со филмот.

 

 

Очигледно толку згрозена од она што го видела, таа рече дека е првата личност што излегла од киното по само „10/15 минути“, но други луѓе исто така тргнале по нејзините стапки.

Таа продолжи: „Видов како други родители ме следат со постапката, додека некои родители избраа да останат и да го гледаат целиот филм“.
„Се вратив назад и ги проверив промоциите и сфатив дека ниту еден од нив не го ни дал увидот на несоодветниот јазик што се појавува во филмот. Тогаш, зошто да се доведуваме во заблуда?”

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *