Оптичка илузија тврди дека открива колку сте под стрес во зависност од она што го гледате… но, не е така како што изгледа!

Оптичка илузија привлече илјадници гледачи, со ветување дека ќе го открие нивното моментално ниво на стрес.

Воодушевувачката слика, која наводно ја создал јапонски невролог за да го тестира нивото на стрес, беше споделена на „TikTok” @interestingthingsifind и собра речиси 6.000 коментари и 78.000 лајкови.

 

 

Гледачите можат да ја погледнат сликата и да откријат дали се „стабилни, под стрес или многу под стрес“ според тоа колку брзо или бавно мислат дека се движи – или дали стои во место.
Насловот гласи: „Оваа слика е создадена од јапонски невролог. Ако сликата е мирна, вие сте мирни, ако сликата малку се помрднува, под стрес, а ако се движи како рингишпил, вие сте многу под стрес. Кажете ми како сте?”
Сепак, наводниот невролог – Јамамото Хасима – всушност не постои и оптичката илузија првично ја создал Јуриј Перепадија, графички дизајнер од Украина.

Во објава на неговиот „Инстаграм” тој потврди дека тој ја создал сликата, а не Јамамото Хасима.
Тој напиша за неговиот креативен процес: „Ја нацртав оваа оптичка илузија во „Adobe Illustrator” на 26 септември 2016 година. За да ја создадам, го искористив ефектот на Акијоши Китаока.

„Јапонскиот психотерапевт Јамамото Хашима нема никаква врска со оваа слика. Покрај тоа, Јамамото Хашима навистина не постои. „Google” помогна”.
Оптичките илузии се дизајнирани на начин да им овозможат на човечкото око и мозок да веруваат дека сликата се движи како видео.
Во овој случај, паметната слика ги мами луѓето да мислат дека или се движи брзо, бавно или воопшто не – и дека нашето расположение го одредува тоа.
Корисниците брзо се поврзаа со натписот во објавата на „TikTok”, додека други беа малку поцинични за неговата точност во одредувањето на расположението на луѓето.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *