Татко е критикуван поради неконвенционалниот начин на кој ги држи своите деца под контрола: „Со своите деца се однесуваш како со кучиња!” Што мислите вие?
Татко на пет деца е критикуван од родителите на социјалните мрежи, затоа што користел каиши за да ги контролира своите деца во јавност.

На социјалните мрежи повторно се појавија снимки на кои се гледа Џордан Дрискел, од Кентаки, како шета со своите пет мали деца – Зои, Дакота, Холин, Ашер и Гевин.
Зафатениот татко сподели видео на „Инстаграм”, но беше критикуван затоа што „се однесува со своите деца како со кучиња“.
Краткото видео го прикажува Џордан како се држи за пет јажиња – секое закачено за по едно дете.
Се разгоре бесна дебата за тоа дали родителите треба да користат каишки за да ги спречат малите деца да се изгубат или да избегаат.

Многу родители тврдеа дека Џордан е „одговорен татко кој се грижи за своите деца“ – а некои признаа дека и тие би се одлучиле да користат каишки доколку имаат пет деца.
„Тие се твои деца. Ти е гајле што мислат овие луѓе. Ги штитиш твоите деца“, напиша една жена.

Додека разговараше во шоуто „Today“, Џордан објасни дека неговите деца сакаат да „бегаат и истражуваат“ поради нивната „љубопитност“, па тој и неговата сопруга користат каишки за свој сопствен мир и спокој.

Коментирај анонимно