Можеби нема да ве освои со изгледот, ама дефинитивно има уникатни перформанси: Погледнете како изгледа финското теренско возило со 18 тркала

Финска компанија со соодветно име „18Wheels Inc.” разви електрично теренско возило со 18 тркала со чуден изглед, за кое тврди дека е многу супериорно во однос на конвенционалниот ATV (теренски возила).

 

„18Wheels Inc.” е различно од сѐ што сме виделе. Во основа, тој се состои од каросерија слична на моторни санки и сет од 18 мали тркала, секое со свој индивидуален систем за потпирање. Една од главните идеи на проектот е возилото да биде еколошко, па тркалата се специјално направени мали за да не ја оштетуваат почвата. Уникатниот систем на суспензија обезбедува посебна траекторија на движење и многу помазно возење на сите видови груби терени, што не е случај со традиционалните теренски возила.

 

Финската компанија минатата година покажа прототип на својот уникатен ATV со 18 тркала, но видеото почна да се шири дури оваа недела. На него се гледа чудното возило како движи по различни површини, од земја до карпи и избегнува неколку пречки. Иако прототипот нема најпрефинет дизајн, Алиев вели дека „18Wheels” работи на комерцијално исплатлива верзија која ќе биде претставена овој октомври.
Теренското возило со 18 тркала очигледно не само што ќе биде помеко на земја, туку и исклучително удобно за возење. Бидејќи големината на тркалата е значително намалена во споредба со конвенционалните ATV, толку помалку енергија ќе добие кога ќе удри во пречка, што значи дека возачот ќе почувствува помал удар. Алиев тврди дека ударот при судар во пречка е 10 пати помал од оној на традиционално потешко возило.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *