Оваа 52-годишна Американка успеала да се подмлади, ја откри тајната и во право е: Здравата храна и вежбањето се важни, но клучот е во нешто друго
Дениз Киртли откри дека добила 20 килограми прекумерна тежина за време на пандемијата COVID-19 поради перименопауза. После својот 50-ти роденден, таа цврсто решила да го промени целокупниот начин на живот и успеала да си го врати младешкиот изглед.
Првото нешто што го направила Киртли било да започне диета и вежби за слабеење. Таа се зачленила во теретана и почнала редовно да крева тегови. По некое време, Дениз се заљубила во бодибилдингот, па дури и почнала да учествува на натпревари. Покрај тоа, таа го намалила внесувањето јаглехидрати во исхраната, почнала да се придржува до протеинска диета, а исто така почнала да јаде пет пати на ден. Нејзината омилена храна се високо протеински вафли, лосос, пржени тиквички со салата и протеинска овесна каша од банана.
Покрај здравиот начин на живот, Дениз го откри клучниот фактор за младешкиот изглед, а тоа е позитивното размислување. Според неа, таа почнала да изгледа и да се чувствува помлада од кога било, штом го променила погледот на светот.
Сега таа пет дена вежба во теретана со тегови и фитнес гумени ленти. Таа на социјалните мрежи зборува за својата трансформација. „Навистина можете да изберете како ќе стареете. Се зависи од вашиот светоглед. Староста и стареењето се различни поими. Нема ништо лошо во стареењето, ја прифаќам мојата возраст, но не сум стара“, вели Киртли.











Коментирај анонимно