„Death in plastic, is fantastic!“ – И погребалните домови почнаа да заработуваат од блокбастерот „Барби“ затоа што се зголеми интересот за розеви ковчези

Филмот – во кој глуми Маргот Роби како Барби и Рајан Гослинг како Кен – донесе неверојатни 162 милиони долари на првиот викенд откако беше прикажан во Велика Британија на 21 јули.

Погребниот дом Оливарес го промовира својот ковчег „Куќа на Барби“ со слоганот: „За да можеш да се одмориш како Барби“.

 

„Овој ковчег, со својата впечатлива светло розова боја, ја претставува искрата и енергијата на тие незаборавни моменти што сте ги живееле. Тоа е потсетник дека нашите приказни заслужуваат да бидат запаметени и славени со боја и живост. Нека оваа почит биде прослава полна со љубов, бои и незаборавни спомени“. – напишаа тие во промоцијата.

 

Погребалниот дом „Алфа и Омега“ во Ахуачапан, Ел Салвадор, нуди ковчег на тема Барби и го предводи трендот со лансирањето на нивниот розов ковчег пред околу една година. Погребникот Исак Вилегас изјави дека интересот за ковчегот расте.

„Сакавме да го промовираме розовиот ковчег бидејќи тој стана тренд и луѓето нè контактираат. Од 40-те луѓе кои се распрашаа за тоа, веќе имаме затворено договор со најмалку 10 нови клиенти. Дури и останавме без залиха“, рече Вилегас.

Тоа доаѓа откако филмот предизвика глобален недостиг на розова боја. Зборувајќи за огромната количина на розова боја користена во филмот, режисерката Грета Гервиг рече: „Сакав розевите да бидат многу светли, а сè да биде речиси премногу. Не сакав да заборавам што ме натера да ја сакам Барби кога бев мало девојче“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *