Овој мал остров во Мејн, може да биде ваш за 400.000 долари, но… има еден услов!

Цел остров во Мејн е на продажба за 400.000 долари, но има една финта околу тоа: На целиот остров нема ниту една бања или тоалет.

Можете да поседувате парче земја од 7.405 квадратни метри точно среде езерото Анасагунтикук, но ќе мора да го користите тоалетот на „Port Potty” ако сакате да одите во тоалет.

Вештачкиот приватен остров, кој е изграден во 1930-тите, има пријатна куќа, светилник од 18 метри и пристаниште за чамци – но, за жал, нема проточна вода.

Резиденцијата се состои од само една голема просторија која служи како кујна, трпезарија, дневна и спална соба.

Куќата со една соба може да прими до пет лица, бидејќи има брачен кревет и троен кревет на спрат – освен, се разбира, ако не ви пречи да бидете во тесно. Спроти просторот за спиење е комплетно опремената кујна со шпорет на гас, микробранова печка и фрижидер.

Сите кабинети се изработени од дрво, што на шармантната куќа и дава рустикален изглед, а ѕидовите се обложени со камен.

Во непосредна близина на кујната има светло-црвена трпезариска маса на која може да се сместат до шестмина – совршена за забава покрај езеро.

Островот, кој се наоѓа во Кантон, може да се пофали со неверојатен поглед од 360 степени на околните води, совршени за пливање, пловење или риболов. Исто така, одобрено е да се паркира регистрирано комбе или кампер до три месеци одеднаш.

Имотот е наведен за продажба од страна на „Meservier & Associates” за 400.000 долари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *