„Останав слепа откако ги истетовирав ОЧИТЕ, но не се каам и нема да престанам”, вели австралиската „најтетовирана жена“, која потрошила неверојатни 280.000 долари на своето тело

Зависничка од тетоважи на телото, која ослепела поради нејзината опсесија со тетоважи и пирсинг, вели дека „не жали“.

 

 

Жителката на Бризбејн, Амбер Лук, се најде на насловните страници поради нејзиниот впечатлив изглед и нејзиното тело кое е 98% покриено со тетоважи.

 

 

 

28-годишната девојка, која потрошила 280.000 долари во нејзината сеопфатна модификација, има истетовирано сатанистички симболи, има расцепен јазик и тетовирани светло сини очни јаболка, поради што била слепа цели три недели.
„Останав слепа откако ги истетовирав очите, но не се каам и нема да престанам“, рече Амбер во неодамнешното видео.
Иако не се сите обожаватели на нејзиниот изглед, Амбер вели дека е горда на посветеноста на нејзиното „патување” да стане „вистинска верзија“ на себе -односно  „најтетовираната жена во Австралија“.

 

 

Претходно, Амбер го сподели своето жалење што отстранила тетоважа со ласер.

Сега, таа тврди дека луѓето кои поминуваат низ процедурата треба само „да се држат до своите одлуки“, наместо да се обидуваат да го избришат тој дел од себе.

 

„Не верувам во ласерот и мислам дека е бескорисен и дека тоа е губење време. Луѓето треба искрено да се држат до своите лоши одлуки и да не се премислуваат“, вели таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *