„Ги изгубив двете нозе поради ТАМПОН” Манекенката Лорен Васер ја открива трагедијата на својот живот, заболувањето од синдром на токсичен шок- и како тоа влијаело на личноста којашто е сега
Лорен Васер е модел и активист кој надмина неверојатни шанси и успеа да стане истакната фигура во модната индустрија. Во 2012 година, Васер ги загубила двете нозе поради синдром на токсичен шок (TSS) предизвикан од тампон.
Синдромот на токсичен шок (TSS) е ретка, но опасна по живот состојба предизвикана од инфекција. Тоа може да се случи при користење на тампон или менструална чаша или од заразена рана. Симптомите се развиваат брзо и потребем е итен третман.
И покрај оваа катастрофална случка, Васер одбила да дозволи да ја дефинира. Оттогаш таа стана гласен застапник за здравјето и безбедноста на жените, користејќи ја својата моќ за да ја подигне свеста за опасностите од ТСС и потребата од подобра регулација на менструалните производи.
1. И нејзините родители се модели

Лорен Васер е дете на модната индустрија. Родена е во Калифорнија на 2 март 1988 година. Нејзините родители и двајцата биле професионални модели, а таа првпат се појавила во „Vogue” заедно со нејзината мајка кога имала само 4 месеци. Сосема очекувано, младата девојка била веднаш привлечена кон оваа кариера.

2. Таа претходно била успешна кошаркарка и имала активен живот
Лорен Васер била талентирана кошаркарка која дури добила и престижна атлетска стипендија. Меѓутоа, наместо тоа, таа одлучила да ја продолжи кариерата како модел. И покрај тоа, таа одржувала активен животен стил неколку години.

3. Нејзиниот живот се превртел наопаку кога таа имала само 24 години

Во подкастот „Дневникот на извршниот директор“, Лорен Васер, на возраст од 35 години, шокантно го откри своето ужасно искуство велејќи: „Ги изгубив двете нозе поради тампон“.
Синдромот е резултат на прекумерен раст на бактеријата „Staphylococcus aureus” во телото, која може да произведе смртоносен токсин во крвотокот. TSS првпат го привлече вниманието на јавноста во Соединетите Држави кон крајот на 1970-тите, кога неколку млади жени тешко се разболеа. До 1980-тите, синдромот заразуваше луѓе со стапка од приближно 6 на 100.000.

Сè започнало со симптоми слични на грип, проследено со бубрежна инсуфициенција и на крајот, два срцеви удари, сите поради реткиот и опасен по живот синдром. Со мала шанса да преживее, лекарите морале да ја стават Васер во кома поради медицински причини за да и го спасат животот.

Откако се освестила недела и половина подоцна, Лорен Васер сподели во потресно интервју: „Се разбудив седмица и пол подоцна и немав идеја што воопшто се случило. Ме напумпаа со 80 килограми течност“. Трагично, нејзината ситуација се влошила со ширењето на гангрената, поради што нејзината десна нога и левото стапало биле зафатени со силна болка. „Оттаму, моите стапала буквално гореа, а гангрената ми се појави и на десната и на левата нога. Немаше опција. Морав да ја ампутирам десната нога“. Потоа, во 2018 година, таа се соочила со уште едно срцепарателно искуство бидејќи нејзината лева нога морала да биде исто така ампутирана.

4. Сега таа е голем поборник за женските права и безбедните менструални производи

Додека таа зборуваше за опасностите од ТСС, Лорен Васер ги нагласи штетните состојки на тампоните, изјавувајќи: „Тие се направени со употреба на белило со хлор, диоксин и синтетички влакна, кои создаваат бура во нашите тела“.
„Работев со мајка која ја загуби својата ќерка тинејџерка од ТСС кога имала 18 години — Медлин Мозби. Низ темнината и траумата од тоа, ние ги здруживме силите во желбата да го промениме светот“.
Васер реши да избере протетика со златен тон наместо протетика што одговара на нејзината боја на кожа, откако целосно ја прифати нејзината нова состојба. Така, таа стана „девојката со златни нозе“ и повторно почна да работи со познати дизајнери.

5. Таа сега повторно гордо чекори по модните писти и е омилен модел на многу дизајнери
Таа повторно продолжила да игра кошарка, што е нејзината страст, па дури и се подготвува за маратон наскоро. Дополнително, манекенската кариера на Васер процвета додека таа чекореше за „Габриела Херст” и „Луј Витон” во 2022 година и беше претставена во кампањите „Лакост”, „Фурла” и „Шисеидо”.

Дополнително на нејзината просперитетна манекенска кариера, Васер останува посветена да се залага за инклузивност и прифаќање на поединци со попреченост и различни услови во модната индустрија. Нејзиниот активизам и придонеси во светот на модата ѝ донесоа место на специјалното издание на насловните страници на „Харперс Базар” за Жени на годината за 2022 година, заедно со други инспиративни жени.“ Работев толку напорно за да бидам своја и никогаш да не прифаќам „не“ за одговор. “, вака Лорен Васер го сумира својот успех.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно