„Оставив бакшиш од повеќе од 10 долари на келнерка во „Хутерс”, при што жена ми се навреди стана љубоморна и направи сцена, а јас само сакав да бидам фин. Дали сум во право?”

Еден маж предизвика жестока дебата откако откри дека неговата сопруга станала љубоморна кога тој ѝ дал бакшиш на келнерка, кој изнесувал над 10 долари.
Неименуван маж на „Редит” откри дека неговата сопруга се налутила откако тој го дал бакшишот откако вечерале во „Хутерс”.

 

 

Тој тврди дека нејзиното однесување го натерало да „не сака повеќе да биде со неа“, додавајќи дека таа често станувала „пасивно агресивна“ кон него.
Сепак, корисниците на платформата за социјални медиуми беа поделени, при што многумина од нив забележаа дека тој згрешил што ја одвел сопругата во „Хутерс“ и покрај тоа што знаел дека тоа ја прави да се чувствува несигурно.

Во објавата тој објасни дека како тинејџер бил келнер, па разбира колку може да биде тешка работата.
Објавата гласеше: „Бев келнер кога бев тинејџер и никогаш не добив бакшиш повеќе од неколку долари. Разбирам колку е исцрпувачки да се биде келнер, така што се трудам максимално да давам бакшиш, особено кога има одлична услуга”.
Потоа забележал дека откако си заминале, неговата сопруга почнала да ја нарекува келнерката со погрдни имиња и рекла: „Таа не вреди толку бакшиш“.
Тој додаде дека друг пат дал бакшиш од 200 проценти за сметка во  „Хутерс“.

„Келнерката ме допре по рамениците и ми рече: „Леле, благодарам!“ И тогаш, мојата сопруга рече: „Не допирајте го, го гледате овој прстен на мојот прст, тоа е мојот сопруг” на што потоа келнерката се извини“, напиша тој.

На крајот од објавата тој тврдеше дека повеќе не сака да биде со сопругата поради нејзиното однесување.

 

 

„Ова беа два екстремни моменти кога таа се однесуваше на овој начин. Нејзиното однесување ме тера да не сакам повеќе да ја трпам“.
Многу гледачи на платформата беа шокирани од неговата приказна и го критикуваа што ја натерал сопругата да се чувствува несигурно.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *