Мајка ХЕРОЈ прави мини слушни помагала за играчките на својот петгодишен син, за да му помогне да се чувствува повеќе „еднаков” во општеството

Мајка е прогласена за „херој“ откако рачно изработила слушни помагала за играчките на нејзиниот петгодишен син, за да може тој да има кукли што личат на него.

 

 

Линет Тејлор (31) од Њујорк го создала помагалото за играчките на својот син Дејвон Шиверс Џуниор, откако имала потешкотии да најде кукли со слушни помагала во продавница.

 

 

За да му помогне на нејзиниот син да се чувствува помалку осамен, таа ја поставила својата мисија сама да ги направи помагалата за неговите кукли Вуди и Спајдермен.
Нејзиниот син – чиј слух бил засегнат од болест како мало дете – носи слушни помагала уште од својата тригодишна возраст.

Диј се родил со слух, но се разболел како доенче и имал течност зад ушите што предизвикало оштетување на нервите.

 

Еден ден додека пазарувала, Линет се обидувала да најде играчки што имаат слушни помагала, но немала среќа.
Таа вели: „Секогаш сакам мојот син да се чувствува еднаков и затоа што компаниите не прават играчки што личат на него… јас ги правам за него“.

 

Така, таа отишла дома и се фатила за работа.
Таа вели: „Ги направив слушните помагала на играчките со моите производи за нокти. Обично правењето трае околу 20 минути во зависност од големината на играчката”.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *