Невеста побарала рефундација за невестинските фотографии, поради тоа што асистентката на фотографот спиела со мажот ѝ за време на венчавката
Невеста молела да ѝ се вратат парите, откако открила дека нејзината свадбена фотографка спиела со нејзиниот нов сопруг.

Лошата приказна беше откриена на „Reddit” од страна на корисникот „Wedding Dude”.
Тој откри дека ангажирал колешка фотограф, жена на 20-годишна возраст, да работи со него на церемонијата за која се верува дека била во САД.
Но, неименуваниот корисник оттогаш бил контактиран од невестата која си ги барала назад парите откако дознала дека асистентката на фотографот имала афера со нејзиниот сопруг.
Објавата, која беше споделена претходно оваа недела, гласеше: „Претходно ова лето сликав на свадба. Мојот асистент не можеше да дојде, па најдов некој друг на интернет за кој сметав дека добро работи. Како и да е, јас и таа ја изработивме свадбата и се чинеше како и обично. Фотографиите беа уредени, доставени до клиентот, сè беше добро. Потоа ова утро добив е-пошта од невестата. Таа сакаше да ѝ се вратат парите затоа што дамата што ја ангажирав како асистент за тој ден, спиела со нејзиниот сопруг во одреден момент по венчавката, а вклучила и фотографии од неговиот телефон за да го докаже тоа”.

Неименуваниот корисник побара совет, пишувајќи: „Сè уште не сум одговорил, но што е најдоброто нешто да се направи овде? Таа ме побара за работата и работата беше завршена и производот беше испорачан. Но, исто така, чувствувам дека ова ќе биде како да сум професионален шетач на кучиња кој шетал куче на клиент, а потоа се вратил и го застрелал подоцна”.
Тој заклучи: „Во секој случај, што е најдоброто нешто да се направи овде? Навистина се чувствувам лошо за оваа девојка, но тоа се исто така многу пари што треба да ги вратам за завршената работа“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно