Момче тврди дека ја продал својата карта за концерт на Тејлор Свифт за неверојатни 14.000 долари и со тие пари си го платил школувањето
Обожавател на Тејлор Свифт искористил ретка можност, да го продаде својот билет за настапот на суперѕвездата, за неверојатна сума и да ги покрие трошоците за својата школарина.
Исак Џарман, на „TikTok” му се заблагодари на оној што му дал доволно готовина за да го финансира неговото високо образование, откако платил 14.000 долари за билети за концертот Ерас на Тејлор Свифт.
„На тој кој штотуку го купи мојот билет за Тејлор Свифт за ЧЕТИРИНАЕСЕТ ИЛЈАДИ долари, те сакам. Ти благодарам што буквално ми ја плативте школарината за факултет. Се надевам дека толку многу уживате во шоуто. Посакувам да можам да бидам таму, но и 14k е прилично убаво и премногу неверојатно“, напиша тој преку селфи видеото од осум секунди.
Уште во ноември 2022 година, кога првата серија билети во претпродажба излегоа на „Ticketmaster” – платформата се соочи со неочекуван сообраќај, „историски невидената побарувачка“ и страницата постојано паѓаше.
Оттогаш, билети за турнејата Ерас е навистина тешко да се набават.

Коментирај анонимно