„Ми беше забрането да се качам во авион затоа што бев облечена само по бикини. Луѓето се навистина досадни и некои од нив велат дека сум ПРЕТЕРАЛА”

Жена тврди дека и било забрането да се качи во авион откако се облекла во козплеј и тргнала да фати лет на аеродромот.

 

 

 

Кине-Чан, 21-годишна манекенка, инфлуенсер и дел од „OnlyFans”, се појавила на аеродромот Навегантес во Бразил, облечена во „Rebecca’s Cosplay“ – начин на облекување инспириран од омилените ликови на луѓето од филмовите, стриповите и игрите.

Ребека е лик од анимето на Нетфликс, „Cyberpunk Edgerunners”, која стана омилена на обожавателите поради нејзините уникатни и откривачки комбинации на облека.
Облечена само во црно бикини, тиркизна перика и црни сандали, таа тврди дека и било кажано дека не е соодветно облечена и дека и било забрането да се качи на летот.

 

 

Споделувајќи го наводниот инцидент на нејзиниот „Инстаграм” @kinechan2.0 со своите 612.000 следбеници напиша: „Викендов се случи многу досадна ситуација! Се обидов да се качам на лет на аеродромот Навегантес облечена како Косплеј на Ребека. На аеродромот ми рекоа да одам дома и да се пресоблечам затоа што таа облека што ја носев не била „соодветна“.
Им објаснив дека одам на настан. Како и да е, не ми дозволија”.

 

 

 

Фановите побрзаа да ги коментираат нејзините лудории и многумина мислеа дека претерала.
„Многу те сакам, но поради љубовта кон Бога… можеше да облечеш лесна облека на тебе, како фустан или блуза со копчиња“, искоментира едно лице.