„Од тоалетот од мојот дом ми излезе црна огромна змија. Не знаев што да правам, два дена не можевме да ја извадиме оттаму!”
Ако цевките ви шуштат, тоа е знак за проблеми со водоводот – особено и кога има змија внатре.
Тоа била ситуацијата низ која поминала една жена, која ја пронашла змијата во својот тоалет и поминала два дена обидувајќи се да се ослободи од неа.
Мишел Леспрон штотуку се вратила дома по патување, брзајќи да отиде во бањата.
Пред да седне на тоалетот, ја видела црната змија и веднаш го треснала капакот.
Леспрон, која живее во Аризона, веднаш ги повикала „Rattlesnake Solutions” да се погрижат за тоа.

За жал, досадната змија му задала проблеми на спасувачот Ник повеќе отколку што очекувал.
Тој направил три посети на домот на Леспрон во обид да се ослободи од змијата.
„Тој е мојот херој, Ник од „Rattlesnake Solutions” е мојот апсолутен херој“, вели Леспрон.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно