Смртоносно животно од Бразил, чиј отров може да предизвика долготрајна ЕРЕКЦИЈА, предизвика евакуација во Австрија

Еден австриски супермаркет бил евакуиран откако менаџерот на продавницата, наводно, забележал пајак кој бил способен да предизвика трајна ерекција кај мажите.

 

 

Продавницата „Пени“ во Кремс ан дер Донау, останува затворена од вторникот поради стравувањата од пајак.

Биле повикани службите за итни случаи и предупредиле дека пајакот, кој сè уште е на „слобода”, можеби е многу отровен бразилски залутан пајак, познат по тоа што стигнал до Европа криејќи се во гроздови банани.
Суштеството е еден од најотровните пајаци на планетата, а каснувањето може да биде фатално откако ќе предизвика хипотермија, заматен вид, конвулзии, а во некои случаи и ерекција. Отровот на пајакот дури се проучува за употреба во третмани за еректилна дисфункција, откако беше откриено дека каснувањето од еден од пајаците може да им даде на машките жртви болна четиричасовна ерекција.

 

Повикан е истребувач и гајбите со банани во продавницата се затворени, но извештаите велат дека продавницата најверојатно ќе остане затворена до следната недела.

 

 

Портпаролот на малопродажната група „Rewe” вели дека сега се во тек „сеопфатни мерки за чистење и дезинфекција“ за да се подготви продавницата за повторно отворање.
Но, властите додадоа дека: „И покрај обемната потрага, досега не се пронајдени пајаци“.
Големината и бојата на „неидентификуваниот“ пајак ги наведоа властите да веруваат дека станува збор за бразилски скитник пајак, способен да испушта смртоносен невротоксин.
Околу 4.000 луѓе се каснати од пајаци секоја година, а 0,5 отсто од каснувањата доведуваат до смрт.
Но, само еден гриз од пајакот може да предизвика и сериозни грчеви и тахикардија или зголемен пулс.

 

Бразилскиот скитник пајак се појавува во Гинисовата книга на рекорди како најотровниот пајак во светот.
Неговото научно име – Phoneutria – на грчки значи „убиец“.
Тие се познати како скитници пајаци затоа што не градат мрежи, туку навечер шетаат по подот на џунглата барајќи плен.
Во урбаните средини, тие често се засолнуваат во куќи и автомобили.
Во 2021 година, таксистот Џо Стајн најде еден од пајаците меѓу куп банани купени од „Sainsbury’s”во Вест Викам, Бромли.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *