Оваа километарска редица со над 1000 луѓе е во богатата Швајцарија, а луѓето чекаат на ред за бесплатна храна
Во Женева над 1000 луѓе застанаа во долгата редица за бесплатна храна, што укажува на влијанието на епидемијата на коронавирус врз финансиската состојба главно на имигрантите без документи, кои немаат право на помош од државата.
Кога слушнале дек ќе се делат 1500 бесплатни пакети со храна, луѓето започнале да се редат уште во 5 часот наутро. Редицата достигнала должина од над 1 километар, заради неопходната социјална дистанца помеѓу луѓето.
Дури и во Женева, кој е еден од најбогатите градови во светот, отсекогаш имало луѓе кои живеат во сиромаштија. Сега се особено погодени оние луѓе кои работеле без договори во најпогодените сектори, пред сѐ во угостителството.