„Јас сум мрзелива мајка, која не средувам ништо во домот, затоа што сум МАЈКА, а не слугинка! Еве вака изгледа мојот дом…”

Мајка на две деца е критикувана затоа што прифатила „мрзлив“ начин на живот, каде што отворено признава дека „мрази“ да чисти и дозволува валкани алишта и полуизедена храна да се натрупуваат со денови.

 

 

Аманда Роуз, од САД, е мајка која е домаќинка и која редовно ги прикажува своите секојдневни активности во форма на блогови.
25-годишната девојка неодамна беше критикувана како „одвратна“ поради состојбата во нејзиниот дом.
Аманда откри дека целиот нејзин под е покриен со валкани алишта и едноставно „не и е гајле“ и не сака да го помине целиот ден чистејќи.
Таа повеќе би сакала да го помине времето носејќи ги своите деца во парк или на некое хоби, бидејќи е „мајка, а не слугинка“.

 

 

Во неодамнешното видео, Аманда ги одведе своите следбеници на патување низ нејзината неуредна кујна.
„Ова е моето утро како мрзелива мајка“, рече таа. „Многу луѓе ме прашуваат како дозволив мојата куќа да стане толку лоша, но да бидам искрена – едноставно не чистам по себе или моите деца“.
Кујната на Аманда била натрупана со садови и имало расипана храна насекаде.
Имало облека, чевли, трошки и играчки што ја покриваат речиси секоја површина во куќата, со кутии и садови за чистење расфрлани насекаде.
Мајката вели дека обично не чисти после вечерата и затоа постојано остануваат остатоци од храна и наредниот ден.

 

Аманда сподели дека за неа е во ред кога  непознати го критикуваат начинот на кој живее и дека тоа не и пречи.

 

Многумина и се заблагодарија на Аманда што била искрена за тоа каква е нејзината куќа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *