Срцезатоплувач на денот: Патник платил за ТРИ седишта во авион, само за неговото огромно куче да може да патува со него
Човек од САД се качил на лет со нешто што не ги задоволувало спецификациите за димензија за рачен багаж – неговиот „џин” Голем Данец.

Габриел Богнер (27) ги остави без зборови и патниците и членовите на екипажот, откако зафати три седишта за своето куче на лет од Лос Анџелес, Калифорнија, до Њујорк.
На кучето му биле потребни две цели седишта за удобно да се испружи додека неговиот сопственик седел на третото место.
Габриел, основач на старт-ап, се преселил од Лос Анџелес во њујоршката Ла Гвардија и вели дека ова му е прв пат на големиот Данец Дарвин да лета.
Тој објасни дека неговото огромно куче, кој има пет години, е негово куче за поддршка и дека треба постојано да биде со него.
Габриел боледува од Кронова болест, која е вид на воспалителна болест на цревата што го остава во болка и троши голем дел од неговото време – а Дарвин е тука за да му го олесни животот.
Видеото на „Тикток“ поставено од Габриел од воздушната авантура на кучето направи „бум” на интернет – доби над 17,9 милиони прегледи, 2,9 милиони допаѓања и над 12.000 коментари.

На снимката се гледа како Дарвин се качува на летот, се поздравува со луѓето во првите редови – па дури и гледа во пилотската кабина за да ги поздрави пилотите.
Кучето потоа мирно седнува на седиштата, љубопитно гледа наоколу пред да се смири за многу потребната дремка.

Габриел вели: „Луѓето беа апсолутно изненадени и шокирани, но сите беа толку возбудени што го гледаат. Никогаш не сум видел толку насмеани луѓе на аеродром“.

Коментирај анонимно