„Ме обвинуваа дека им крадам работи од дома, па им ја украдов ќерката, но не ја силував”: Шокантен момент кога 8 годишно девојче е киднапирано во куфер, од страна на чуварот на нејзиниот дом

Осумгодишно девојче е спасено откако била киднапирана и ставена во куфер од чуварот на станот на нејзиното семејство на Филипините.

 

Џин Никол Ју, била на пат кон дома кога вчера пред пладне била буквално спакувана во куфер во областа Бакилид во градот Мандауе, провинцијата Себу.

 

Мајката избезумено ги проверувала безбедносните камери на станот и била преплашена кога видела неидентификувано лице во качулка внатре во портите на имотот.
Осомничениот бил виден како влече поголем црн куфер за во кој се верува дека ја сокрил девојката.

 

Полицијата во градот Мандау околу 17 часот добила пријава и започнала потрага по исчезнатото дете.
Полицајците ја откриле локацијата на осомничениот во стан во истата област подоцна истата вечер.
Тие го уапсиле Годифлор Рама (32), чувар на станот во кој престојувала жртвата и нејзините родители.
Џин била пронајдена разбушавена, но жива. Таа била одведена во бирото за заштита на жени и деца во полициската станица во Субангдаку каде што објаснила што се случило.
Зборувајќи за локалните медиуми, Годифлор рекол: „Се надевам дека семејството може да ми прости за она што го направив. Тоа го направив само затоа што ме обвинуваа дека им ги крадам работите, како нивните чанти и закачалки.
Признавам дека девојката е привлечна, но тоа не значи дека ми се допаѓа. Јас не ја силував. Јас сексуално не ја нападнав”.
Полицијата соопшти дека Годифлор ја искористил својата блискост со девојчето и нејзиното семејство за да го спроведе својот план.

 

 

Џин безбедно се обединила со нејзината мајка и се опоравува од тешкото искушение.
Благодарната мајка вели: „Би сакала да им се заблагодарам на полицијата и истражителите од дното на моето срце. Дејствуваа брзо само за да ја спасат ќерка ми. Не можев да замислам дека вакво нешто ќе ни се случи. Ја сакаме Џин толку многу, сите знаат колку добра девојка е таа”.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *