Летечките „вонземјани“ кои напаѓаат во Перу, се всушност нелегална банда кои се во потрага по ЗЛАТО
Извештаите за „вонземјани високи два метри“ кои ги тероризираат селаните во Перу го запрепасти светот оваа недела.

Локалните жители, исто така, ги споредија своите напаѓачи со „зелените гоблини“ и со локалните перуански суеверија за „лос Пелакарас“ — но сега перуанските органи за спроведување на законот понудија нов осомничен.
Нелегалните криминални групи за ископување злато, бес главните виновници според нив: ограноците на нарко-картелите како што се бразилскиот „O Primeiro Comando da Capital“, Колумбискиот „Clan del Golfo“, ФАРК и други кои ја пустошеа Латинска Америка со децении.
Националното обвинителство на Перу, кое сега ги истражува „нападите на вонземјаните“, го впери прстот кон овие „мафии“, кои беа делумно исфрлени од Бразил и Колумбија од нивните војници.
Сега во Перу, овие картели се надеваат дека ќе инспирираат страв со нивната бизарна идеја на „вонземски“ терор, држејќи го локалното население во нивните домови и подалеку од илегалните златни јами на картелите.
Обвинителите се сомневаат дека овие нелегални рударски картели прво ги користеле своите авиони за да бараат злато подлабоко во непростливите џунгли околу реката Нанај во Перу.

Човек лод племето Икиту им кажал на новинарите дека оваа „вонземска“ опсада започнала на 11 јули.
„Овие господа се вонземјани“, изјави еден лидер на Икиту, Хаиро Реатеги Авила.
„Јас го застрелав двапати и тој не паѓа, туку се крева и исчезнува“, признал Реатеги Авила за локалниот радио радиодифузер. „Исплашени сме од она што се случува во заедницата“.
Нелегалниот рударски картел користел пропелери и високотехнолошка опрема, според други сведоци на обвинителството. Перуанските органи за спроведување на законот ги опишаа уредите како „jetpacks“.
„Тие би користеле најсовремена технологија, како што се потиснувачи кои им дозволуваат на луѓето да летаат“, изјави Карлос Кастро Кинтанила, обвинителот на перуанската влада што го истражува случајот.

Не можејќи да го продолжат секојдневниот живот во селото, кое е оддалечено приближно 10 часа до реката од главниот град на Лорето, Икитос, Икиту сега организираа ноќни патроли за да ги ловат своите напаѓачи со висока технологија се додека војската на Перу не може да интервенира.

Покрај теоријата за „2 метри високите вонземски напаѓачи“, некои локални жители се убедени дека групите како „лос Пелакарас“, се виновни за овие настани.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно