Фабињо си доби подарок „Ролекс”, веднаш по неговото деби за „Ал-Итихад”, но часовникот не остана долго на неговата рака…
Поранешната ѕвезда на „Ливерпул”, Фабињо, доби „Ролекс”,по неговото импресивно деби за саудиската про-лига, за тимот на „Ал-Итихад” во понеделникот вечерта.
29-годишникот го заврши трансферот од 50 милиони евра од „црвените“ минатиот месец и брзо го започна животот во Заливската држава помагајќи ѝ сега на својата екипа да стигне до победа од 3-0.
За жал бразилскиот репрезентативец не се радуваше долго на скапиот часовник, затоа што не беше безбедно прицврстен околу неговиот зглоб и веднаш падна на земја.
Следеа неколку секунди загриженост пред играчот од средниот ред да покаже дека не е направена сериозна штета.
Фабињо се приклучи на списокот на „Ал-Итихад” кој исто така го регрутираше и актуелниот носител на Златната топка Карим Бензема, како и поранешната ѕвезда на „Челзи”, Н’Голо Канте.
Лигата треба да ја добие својата најнова и веројатно втора најголема награда со претстојното доаѓање на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар.
Коментирај анонимно