Луѓето мислат дека оваа мајка му е помала сестра на нејзиниот 17-годишен син
Мајка од Калифорнија откри како луѓето често погрешно веруваат дека таа е сестра на нејзиниот 17-годишен син. 34-годишната Дејна Кази, од Ирвин, стана популарна откако нејзиниот син објави видео со неа на ТикТок и ја истакна честата забуна. Дејна, која работи како професионален фотограф, го родила Џулијан на 16 години и вели дека мајчинството е „најдоброто нешто што ѝ се случило“.
Голем дел од оние во делот за коментари останаа вчудоневидени од младешкиот изглед на Дејна, не можејќи да веруваат дека таа е на било кој начин е доволно стара за да има син тинејџер. Неколкумина дури забележаа дека Дејна всушност изгледа и помлада од нејзиниот син.