Добредојдовте во „Близнак град”: Ова шкотско место е познато по рекордниот број на близнаци, кои секоја година започнуваат со училиште
Овие наставници гледаат двојно и тоа многукратно.
Со првиот училишен ден „зад аголот”, 17 пара близнаци се подготвуваат да се запишат оваа есен во исто училиште.
Сите тие се од истиот шкотски град Гринок, Инверклајд, кој соодветно го доби прекарот „Твинверклајд“.

„Стана годишна традиција во Инверклајд, или Твинверклајд, како што станавме познати, да им посакаме добредојде на нашите близнаци во основно“, изјави Грем Брукс, заменик директор во Сент Патрик училиштето, додавајќи дека заедницата има „среќа да има толку многу неверојатни деца“.
Основното училиште неодамна одржа генерална проба пред учебната година додека се зголемува возбудата меѓу учениците.
Но, училиштата не се ништо без децата, персоналот и семејствата кои ги создаваат и прекрасно е да се види дел од следната генерација што доаѓа овде“, вели Брукс.
Годишно ширум светот се раѓаат 1,6 милиони близнаци, покажа истражувањето од Оксфорд кое забележа рекорден број на раѓања близнаци во 2021 година.
Но, Инверклајд отсекогаш бил познат по своите високи стапки на близнаци, со 147 пара кои ги посетувале локалните училишта во изминатата деценија.
Само во 2015 година, 19 парови започнале на училиште во исто време.

Коментирај анонимно