„Мојата идна свекрва го направи незамисливото, а најлошото е што мојот свршеник е на нејзина страна. Ѝ дадов ултиматум, а други ме советуваат да ја откажам свадбата. Што да правам?“

„Наскоро ќе се омажам за мојот вереник. Мојата венчаница ја купив пред неколку недели. Од кога ја купив неговата мајка постојано ме моли да ја проба, но јас цврсто одбивам. Дури и ми понуди 100 долари за да ѝ дозволам да ја проба. Нејзината причина зошто е толку упорна? Таа вели дека тоа е поради нејзината „љубов“ кон венчаниците и нејзината опсесија со нив.

 

Вчера се вратив дома рано од работа и го најдов мојот вереник дома. Тој полуде кога ме виде и се обиде да ме спречи да влезам во собата. Викаше: „Не, не влегувај во спалната!“. Тој исто така почна избезумено да пишува порака до некого на телефон. Ја отворив вратата и се шокирав кога ја видов неговата мајка како стои во мојата венчаница. Веднаш го извадив телефонот и ја сликав“.

Мојот вереник „откачи“ откако ѝ реков дека треба да ми плати за нов фустан за 3 дена или во спротивно ќе ја покажам фотографијата на целото семејство. Таа почна да плаче, а потоа си замина, а мојот вереник ме нападна велејќи дека не можам да бидам сериозна и дека претерав затоа што мајка му само сакаше да го проба фустанот, без штета. Но јас одбив да го слушам бидејќи според мене фустанот треба да го носи само невестата и никој друг. Искрено, се чувствував згрозено гледајќи го фустанот повторно. Не го сакам повеќе. И затоа мислам дека е фер да ми плати откако ми го уништи. Ми се развика и ми рече да се освестам и да престанам да се однесувам со мајка му така како да е непријател. Се скаравме откако не успеа да ме натера да се повлечам и оттогаш останува со мајка му.

 

Се чувствував ужасно, но потрошив 3 илјади долари за овој фустан и работев напорно за да го купам, не можам да издржам да го гледам, но луѓето во моето семејство мислат дека претерувам и дека ја загрозувам врската и со мојот свршеник.

Подоцна мојот вереник се јави и ми понуди сам да го плати фустанот за да можеме да го „завршиме конфликтот“, но тој сака:

  •  Да му го дадам мојот телефон за да може самиот да ја избрише фотографијата.
  • Да се заколнам дека немам копии да ги „користам“ против неговата мајка подоцна.
  • Да се извинам на мајка му.
  • И на крај, тој ме замоли да го напуштам неговиот семеен групен разговор и да се одјавам од Фејсбук најмалку еден месец.

Сè уште не сум одговорила“.

 

Ова предизвика бурни реакции и повеќето луѓе се на страна на невестата.

„Дали си сигурна дека сакаш да се омажиш за овој човек? Тој глумеше стражар пред вашата спална соба за НЕГОВАТА МАЈКА да ја проба ТВОЈАТА венчаница. Дали мислиш дека некогаш би застанал на твоја страна кога би била во прашање мајка му?“

„Испратете ја фотографијата до сите поканети…со најава дека за жал, повеќе нема да учествувате на венчавката, но на парот (мајка и син) му посакувате се најдобро“.

„Ја видел мајка си во фустан пред да ја види невестата и смета дека нема ништо лошо во тоа. „Излези од семеен разговор“? Да, неговите услови се едноставно навредливи. Тој има манири на тиранин кој контролира, а по бракот работите само ќе се влошат. Не се грижеше за чувствата на невестата. Девојко, откачи го!“

Па што мислите вие?