10 случки кои го слават прекрасниот хаос на родителството

Придружете ни се за забавно и искуство исполнето со смеа додека прикажуваме свеж сет на забавни твитови од родители. Споделени од мајки и татковци, овие објави ги истакнуваат најкомичните и највозбудливите моменти на нивните деца. Подгответе се за урнебесно и забавно возење.

1.

Денес моето 8-годишно дете ми кажа дека намерно го утнала зборот во последната рунда на натпреварот во спелување затоа што второ место добива бонбони, а прво место само некој досаден медал.

2.

Обожавам да имам за пријателки мајки на други деца затоа што ќе им пишам: „Извинете ќе задоцниме 25 минути за во парк, видовме мравка“. А тие се како: „Нема проблем, ние ќе доцниме 30 затоа што денес морал сам да си ги облече чевлите“.

 

 

3.

Мојот 12 годишен син се разборе уште од сабајле и мојот 4-годишен рече „Ќе ми требаат палачинки ако веќе треба да те слушам уште од сега“. Па сега тој е мој тренер за менаџирање на стресот.

4.

Многу се гордеам со моите деца што самоиницијативно започнаа уметнички проект.

*да ги бојадисаат сите мои пари со лак за нокти

5.

Мојата 3-годишна ќерка рече дека посакува да имаме домашно милениче. Ја потсетив дека имаме куче, и wow, одеднаш искрено изненадување на нејзиното лице кога разбра дека нашето куче е домашно милениче, а не само уште некоја личност што живее со нас.

 

 

6.

Сред „тантрум“ мојот 6-годишен син паузираше само за да ги напише зборовите МАМА и ТАТО и да ги прешкрта. Шокиран од неговата суровост, ја стутка хартијата мумлајќи: „Ова не е фино од мене“

7.

Честитки за станувањето родител! Еве ви алат за да ги извадите кваките на вратата од тоалетот, нема да ви требаат повеќе.

8.

Кога ќерка ми беше прво одделение ѝ кажала на наставничката „Мајка ми чува мртви бебиња во плакарот“. Бев преплашена кога дознав. Но, за среќа, наставничката знаеше дека јас предавав Прва Помош и разбра што сака да каже ќерка ми.

 

9.

Кога мојата 2-годишна ќерка не сака да зборува веќе, таа го завршува разговорот со „среќен роденден“, си оди и мавта.

10.

Мојата 3-годишна ќерка помина со рацете позади грбот велејќи „Не држам ништо позади мојот грб. Само одам во својата соба“ И потоа од скалите викна „Не те лажам!“

Зошто мислам дека ме лаже?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *