Австралиски пар живеат во автобус како номади на брегот на Австралија и секојдневно си ЛОВАТ богатство. Еве како!

Со метален детектор во рака и под жешкото австралиско сонце, Бриџит и Леви Норт ги истражуваат недопрените села во периферијата во потрага по злато. Во секој момент, брачната двојка може да се збогати и да добие богатство и да си ги реши наредните денови.

Нивното најголемо откритие до сега била златна грутка од 198 грама, проценета на 22.000 долари, а во друга прилика искеширале 5.000 долари со пронаоѓање на златна грутка од 56 грама.

Пред еден месец, дури и нивното 18-месечно бебе Сани успеало да најде ситна грутка. Покрај рударството, Леви работи како столар, а Бриџит води сопствен бизнис со накит, Бриџит Норт Студио, каде што користи дел од златото што го наоѓа за изработка на исклучителен накит.

Тричленото семејство живее целосно автономно во автобус од 11,5 метри во Ексмут, Западна Австралија, возејќи горе-долу по брегот. Во потрага по злато, тие го напуштаат градот за пет часа и често поминуваат со недели „во пустина“. Двојката ги поминала последните три години на пат со полно работно време, но сега поради детето работат малку со скратено.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *