„Го хранам моето едногодишно бебе исклучиво вегански, јаде САМО семки, зеленчук и овошје и пие мајчино млеко и е совршено здрав!“
Мајка која го храни своето едногодишно дете само со веганска храна, инсистира дека тој е „совршено здрав“, јадејќи семки, суви сливи, тофу и овошје.
Анабел Фенвик Елиот (36) од Лондон, вели дека отсекогаш планирала да го одгледа своето дете како веган и дека посакува и самата да имала можност да порасне на диета базирана на растителна храна.

Сега таа инсистира на тоа дека нејзиниот син Џаспер има разновидна исхрана која вклучува оброци со пире од овес, кокос јогурт, цимет, семки од чиа и сливи за појадок, компир, сладок компир, грашок, морков, тофу и други состојки како наут и грав, како и нејзиното мајчино млеко и вегански додатоци за бебиња.
Додека Анабел планира да му даде на Џаспер избор за веганството кога ќе биде доволно возрасен за да разбере, таа ќе биде многу изненадена ако тој избере да јаде месо или дури и да биде вегетаријанец.

Таа објасни: „Ќе се изненадам ако се покаже дека сака да јаде месо и не избере да биде веган – затоа што ќе биде толку едуциран за тоа“.
Анабел е љубител на животни уште од детството, а гледајќи наназад, таа е зачудена што и требало толку време за да сфати дека веганството е избор за нејзиниот животен стил.
Таа откри и дека иако верува дека јадењето месо е погрешно, смета дека млечната индустрија е полоша.

Анабел вели: „Отсекогаш сум сакала животни, па неверојатно е што ми требаше толку време за да си го променам животот Престанав да јадам месо дури во 2011 година“.
„Не можете да бидете вегетаријанец на етичка основа, а сепак да јадете млечни производи. Тоа е многу полошо од месната индустрија. Бев толку уништена што морав да се откажам од сирењето“.
„Ги учиме нашите деца да бидат љубезни и нежни кон животните додека ги храниме со производи од животни кои претрпеле незамисливо малтретирање.
Во меѓувреме, таа објасни дека ќе му даде опција на своето дете да јаде месо кога ќе биде постар: „Можеби нема да му биде гајле, а потоа ќе бидам сосема добро со тоа. Можеби ќе биде ловец (имам огромна почит кон ловците – тие ловат од дивината и го консумираат месото, во што не гледам ништо лошо)“.

Коментирај анонимно