Мистериозно исчезнување на избирачко место во Аргентина: Жена влегла во кабината да гласа и одеднаш исчезнала без трага

Пред една недела во Аргентина се одржаа претседателските прелиминарни избори, но во градот Росон најдискутираниот настан не беа нивните резултати, туку чуден инцидент на едно од избирачките места.

 

Тоа се случило кога една постара жена со целосно бела коса дошла на избирачкото место отворено во училиштето Ескуела 14 де Фебреро, департманот Сан Хуан, објавија локалните медиуми.

Таа отишла на масата 698, ја дала личната карта, а потоа се повлекла во една од кабините за гласање. Поминало една минута, па уште една, но жената никако не излегувала од кабината.

Во меѓувреме се дошле и други гласачи, и веќе била формирана мала редица. Луѓето почнале да негодуваат и да бараат од надлежните да проверат што се случува.

 

 

Група воени лица гледале како се одвиваат изборите на секое избирачко место, а откако луѓето се пожалиле, влегле во гласачкото место.

На изненадување на сите, кабината била целосно празна. Се чинело дека жената исчезнала. А кога оние кои седеле на масата бр.698 почнале да ја бараат нејзината лична карта, не успеале да ја најдат, исто така мистериозно исчезнала.

Многу луѓе ја виделе седокосата постара жена како влегува во кабината, но никој не ја видел како ја напушта, а уште повеќе, никој не ја видел како оди до масата да си ги собере документите.

 

Луѓето почнаа да шпекулираат дека жената можеби е дух, вештерка и слично.

Имаше и верзија дека тоа е дух на почината учителка или жител на една од блиските куќи и дека таа едноставно сака да ја исполни „својата граѓанска должност“ со тоа што ќе дојде на гласање.

Сепак случајот со мистериозното исчезнување на избирачкото место во Расон остана мистерија. Властите покренаа истрага за инцидентот, но се уште нема одговори на прашањата што всушност се случило со жената и нејзините документи.

 

  • Васе напиша:

    Мислам дека е киднапирана од вонземјани!?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *