Британка, мајка на две деца, се срамела од своите големи гради па ја продала куќата за да направи операција за намалување

Жителка на британскиот град Нунитон, Ворвикшир, ја продала својата куќа за да плати за операција за намалување на градите.

 

33-годишната Викторија Марш отсекогаш била засрамена од нејзината импресивна големина на гради. Веќе на млада возраст, таа забележувала дека луѓето често ја гледаат таму. Откако Марш родила и доела две деца, нејзините гради станале уште поголеми.

„Постојано ме притискаа на ребрата. Се обидов да се ослободам од болката во рамото со физикална терапија. Но веќе и прерамките на градникот ми правеа болка, и морав постојано да ставам бебешка пудра под градите“

 

Покрај тоа, Марш не можела да ги крева децата во раце и да носи облека што ѝ се допаѓа.

Сакајќи да се ослободи од постојаните непријатности, жената решила да направи операција за намалување на градите. Таа се обратила до Националната здравствена служба на Англија, со надеж дека ќе ја направи операцијата бесплатно, но била одбиена. Тогаш Марш решила сама да ја плати скапата процедура.

 

Жената инвестирала во операцијата вредна 11.000 евра, тоа биле пари од продажбата на нејзината куќа, а земала и заем во износ од 3.500 евра. Хирурзите успешно ја извршиле операцијата, намалувајќи ги градите на Марш.

Сега жената тврди дека одлуката да ја оперира била најдобрата во нејзиниот живот. „Станав многу полесна. Грбот не ме боли. Можам да бидам многу поактивна со децата. Можам да носам што сакам и да не се срамам од себе“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *