Од тераса на автопат? Египетската влада ги шокираше сите откако почна да гради среде станбена површина
Целиот свет е зачуден од инфраструктурното решение во Каиро, Египет, од оправдана причина. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од мостот кој се гради, Терает Ал Зомор и е толку блиску до голем број станбени згради што се чини дека е поврзан со нив.
За да си замислите за каква близина станува збор мостот е само 50 сантиметри оддалечен од зградите. Така што буквално можете да го допрете (не дека би сакале).
Покрај екстремните количини на загадување што ќе се воведат откако сообраќајот ќе се дозволи на автопатот, а голем број на луѓе буквално ќе останат во мрак затоа што ќе треба да го продолжат животот живеејќи под автопат. Оваа ивестиција чини 317 милиони американски долари, а мостот е широк 65,5 метри, а автопатот е 12 километри.
Па, што ја натера државата да го испланира автопатот на толку навидум смешен начин? Според изворите, Министерството за домување во Египет објаснило дека четирите згради што се крајно близу до мостот, всушност биле изградени нелегално.
Беше донесена одлука за уривање на овие згради во моментот кога мостот ќе биде завршен, но евентуалното повлекување од страна на жителите и фактот дека мостот ќе биде близу до зградите, може да го продолжи или дури да го запре процесот. Планот е да се издвојат 250 милиони египетски фунти како компензација на жителите кои живеат во зградите кои планираат да ги срушат.