Американка е осудена на две години затвор, затоа што лажно пријавила силување и си измислила цела приказна. Погледнете како полицијата ја фатила и која била причината за лагата

Жена од Јужна Дакота признала дека направила лажна пријава за силување во Флорида, за да се обиде да добие бесплатен тест за сексуално преносливи болести откако го изневерила својот сопруг – откако полицијата открила дека сама го купила јажето со кое рекла дека била врзана.

 

 

Рене Даун Скоглунд (30) ќе помине две години во домашен притвор, осум години на условна казна и ќе се соочи со парична казна од над 17.000 долари за лажната приказна.
На 8 март, Скоглунд пријавила сексуална навреда против неа во округот Хилсборо во Флорида.
Таа се повлекла на страната на патот по кој возела, тврдејќи дека има проблеми со автомобилот, според објавеното аудио 911-  пред да им каже на полицајците дека маж ѝ ги врзал рацете и нозете, ѝ ставил крпа на главата, ја турнал во автомобилот и ја силувал.
Но, полицајците станале сомнителни кога таа била премногу конкретна за типот со јажето.

 

Потоа полицајците ги погледнале безбедносните камери на „Волмарт” продавницата и виделе дека од таму таа купила јаже.

 

По ова откритие, детективите пронашле видео од повеќе места што ги посетила г-ѓа Скоглунд во времето околу нападот, побивајќи ги нејзините првични изјави, се вели во соопштението на шерифот на округот Хилсборо.
„Таа се обиде да ги промени своите изјави пред на крајот да признае дека го измислила целиот инцидент”.
Во бизарен пресврт, тогаш било откриено дека Скоглунд го измислила нејзиниот напад во обид да добие бесплатен тест за сексуални болести откако имала вонбрачна врска.

Скоглунд на 10 март била обвинета за злоупотреба на системот 911, лажна пријава за кривично дело и фабрикување физички докази.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *