Неверојатната колекција автомобили на Маркус Рашфорд: Фудбалерот на Манчестер Јунајтед го купи неговиот трет „Ролс Ројс“ во вредност од 706.000 долари
Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ја надополни својата неверојатна колекција на автомобили со купувањето на својот трет „Ролс-Ројс“.
Како што објави „The Sun“, Рашфорд купил „Cullinan Blue Shadow“ од 706.000 долари, кој е еден од само 62-та направени.
Дизајнот на автомобилот е инспириран од линијата Карман – енигматичната граница над Земјата каде што започнува вселената. Автомобилот е испрскан со „Stardust Blue“ со цел да се имитира ореолот на горната атмосфера на Земјата.
Рашфорд поседува и „Black Badge Wraith“ во вредност од 883.000 долари и „Black Badge Cullinan“, кој чини 491.000 долари.
„Black Badge“ е опишан како најспособниот „Rolls-Royce“ досега бидејќи комбинира сила и финес. Дизајниран е со зголемен вртежен момент, моќност и контрола.
Англискиот репрезентативец Рашфорд има и други автомобили во својата колекција, вклучувајќи „McLaren 765 Long Tail“ од 353.000 долари и „Lamborghini Urus Performante“ од 441.000 долари.
„McLaren 765 Long Tail“ се заснова на 720S и користи иновативна аеродинамика за да создаде 25 отсто повеќе надолна сила. Произведени се само 765, а автомобилот е најмоќниот LT досега со 765 КС.
Коментирај анонимно