Познатиот илустратор кој се прослави со своите љубовни стрипчиња покажа како навистина изгледа неговата ќеркичка

Интернетот веќе со години ги следи комичните стрипчиња на Јехуда и Маја Девир од Тех-Авив именувани „One of Those Days“, односно „Еден од оние денови“. Шармантните стрипчиња го покажуваат нивниот секојдневен живот и ги топлат срцата на луѓето.

На крајот на 2018 година, Јехуда и Маја објавија дека ќе станат родители и не помина многу време пред да ја пречекаат својата новородена ќерка Ариел. И покрај тоа што нивните следбеници можеа да ја видат Ариел тука и таму, родителите конечно ја откриле на нејзиниот 1 роденден. Погледнете ја неодоливата Ариел, а подолу можете да ја видите и како дел од стрипчињата на нејзиниот татко.