„Имам деца за хранење, морам да одам на работа!“ – Бесните шофери ги кинат транспарентите на климатските активсти зашто им е преку глава да им ги блокираат патиштата

Групата против фосилни горива седна на сред автопат во Вашингтон во саботата спречувајќи какво било движење. Тоа ги натера возачите да излезат од автомобилите и да ги искинат транспаренти од рацете на демонстрантите.

„Морам да работам, морам да одам на работа“ – врескаше еден возач.

„Вас не ве боли ку*от за тоа! Мавнете се ододвде. Мораме да одиме на работа!“, се слушна друга жена како вика на демонстрантите. „Имаме деца за хранење!“

 

Повеќе возачи им се придружија на возачите и почнаа да ги фрлаат транспарентите – голема разлика од другите места во светот каде што оние кои се противат на протест може да се соочат со кривични пријави.

Полицијата пристигна за да ги потисне гневните возачи и да им даде предупредување на демонстрантите. Активистите брзо станаа, по што полицијата сите ги уапси.

Секој ден излегуваат се повеќе и повеќе видеа од овој тип и ова докажува дека тие активисти за климата вака ништо не постигнуваат, туку само ги спречуваат другите сограѓани да одат на работа и да ги вршат обврските и тоа создава само бес и ништо повеќе.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *